Новата маскара на Авон воведува револуција во шминкањето

1 август 2013

Уште од 50-тите години на 19 век па сè до денес маскарите го немаат променето обликот, а сега козметичкиот гигант Авон ја менува историјата и преку Mega Effect Mascara е на пат да ни го смени начинот на кој го замислуваме овој козметички производ. Кажете му збогум на стариот метод на нанесување на маскара и запознајте ја новата маскара со револуционерна супер-четка која е прва од ваков вид. Дали е ова маскарата на иднината? Производот Mega Effect Mascara е плод 6-годишно проучување, 5.000 часа научна разработка и консултации со 2.000 жени, има значително покомпактна форма на пакувањето и гумена супер-четка која совршено го следи обликот на окото и може да се употребува од 12 различни агли за трансформација на трепките од крај до крај, од коренот до врвовите.

 

 

 

„Ние го согледавме фактот дека постои потреба да се подобри начинот на нанесување на маскара и со оваа нова иновација Авон засекогаш го менува начинот на употреба“, вели Лиса Ламберти, извршен директор на секторот за истражување и развој на боја. Лорен Андерсен, шминкерка на познатите ѕвезди и нов експерт за шминка на компанијата Авон објаснува: „Супер-четката лесно се превиткува и ви овозможува да нанесете на самата основа на трепките од многу различни агли и тоа на сосема едноставен начин.“

 

 

Козметичката компанија Авон лансира и нова линија на шминки со тру-колор технологија која обезбедува вистински долготрајни интензивни бои кои одговараат на сите можни тенови на кожата и остануваат сосема идентични како во палетата. Заштитно лице на линијата Avon Color e атрактивната манекенка Ирина Шајк.

 

 

avon-so-novi-inovacii-vo-dekorativnata-kozmetika-1

 

 

Објавено:
1 август 2013
Категорија: 
Убавина