Оливија Палермо заштитно лице за новиот парфем на Rochas

2 јули 2013

Џампаоло Згура ја изработи новата кампања за последната едиција на новиот парфем на Rochas, "Songe d'Iris". Кампањата е фотографирана во близина на „Place des Vosges“, а Оливија Палермо е заштитно лице на оваа нова есенција. Облечена во тоалета во боја на лаванда која е стилизирана од Марко Занини ја претставува чистотата и  свежината на новите мирисни ноти.

 

 

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Убавина