Ако досега најголемиот хит кога се фризурите во прашање беше онаа на Дуа Липа, оваа есен носиме иста, но со мали промени.

Витканата боб фризура е омилената на девојките оваа сезона, па доколку сакате да направите некоја промена пред студените денови, сега е време за тоа.

Ако досега се двоумевте и немавте храброст да ја скратите косата, овој период е одличен за тоа, бидејќи многу девојки докажаа дека краткиот боб на сите им стои добро.

Бела Хадид, Оливија Кулпо, Емили Ратајковски и Роси Хантингтон Вајтли се некои од познатите девојки кои ја обожаваат оваа фризура и одлично им стои.

Кратките фризури добро стојат на голем број девојки, без разлика на формата на лицето или пак бојата, а она што треба да го направите е единствено да најдете добар фризер кој ќе ви направи совршен боб.

Во галеријата ви посочуваме неколку примери на прекрасни боб фризури кои познатите девојки знаат да ги носат совршено.

Извор и фото: Fashion.hr

Објавено:
7 септември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.382 пати