Една од најбараните фризури во последно време која и познатите ја обожаваат е дефинитивно боб фризурата која ѝ стои на речиси секоја дама.
Таа е одличен избор доколку сакате малку да го промените стилот и да уживате во топлите летни денови, а можете да се одлучите за истата без разлика на густината или бојата на вашата коса.
Она што е потребно е само да одредите која должина на боб ја сакате и дали таа одговара на обликот на вашето лице.
Доколку имате погуста коса, одберете боб со должина до рамената со што ќе изгледате навистина шик поради волуменот кој ќе ви овозможи безгрижни денови.
Иако се прослави многу одамна, асиметричниот боб е уште една фризура за која може да се одлучите, а доколку имате малку повеќе храброст и сакате вистинска промена, тогаш исечете ја косата што е можно пократко.
Во продолжение, погледнете некои од најпопуларните боб фризури што познатите дами ги обожаваат.