Ова се најпосакуваните фризури за есен 2015!

27 март 2015

Следната есен, класичната „банана“ фризура конечно добива преобразба! Овој петок ви ги соопштуваме најновите трендови кај фризурите за следната есен, меу кои и вашето омилено опавче, лежерната пунџа, но и „банана“ фризурата во малку изменето издание.

Есенските трендови нудат за секоја девојка по нешто, па така, низ улиците ќе можеме да видиме многу брановидни фризури, беспрекорно лабаво опавче, лежерни фризури со патец на страната и многу пунџи во интересни форми.

Речиси сите трендови доаѓаат од светските модни писти каде оваа сезона навистина имаше што да се види. Во однос на трендовите кај шминкањето што планирате да ги вклопите со фризурата, следната есен ќе преовладуваат прекрасни земјени и nude тонови, што совршено ќе го истакнат вашето лице во екот на есента.

Во продолжение, погледнете примери од сите трендови што можете да започнете да ги практикувате уште денеска, бидејќи ние не можеме да дочекаме да дојде есен!

Совршено испегланото опавче е еден од најпосакуваните трендови Совршено испегланото опавче е еден од најпосакуваните трендови

Кожената лента во косата ќе биде вистински хит следната есен Кожената лента во косата ќе биде вистински хит следната есен

Патецот на страна конечно ќе го замени оној на средината Патецот на страна конечно ќе го замени оној на средината

Лесните бранови ќе бидат еден од најголемите хитови Лесните бранови ќе бидат еден од најголемите хитови

Високото опавче нека биде вашата сигурна карта за уникатност Високото опавче нека биде вашата сигурна карта за уникатност

Пунџите во неправилна форма ќе внесат свежина во секој изглед Пунџите во неправилна форма ќе внесат свежина во секој изглед

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Убавина