Природни начини како да се заштитите од сонцето

7 јули 2014

Летото е период кој сите со нетрпение го чекаме, бидејќи ни дозволува да направиме поголема пауза од работните обврски и да заминеме на годишен одмор. Долгите песочни плажи, сините бранови, пространото небо прават да се чувствуваме среќни. Изложувањето на сонце може да биде исклучително корисно за умот и телото. Сончевите зраци имаат клучна улога во оптимизирање на хормоналните функции во организмот и во создавањето на витаминот Д, кој е всушност стероиден хормон. Ако вашите хормони се избалансирани можете да бидете сигурни дека вашето тело ќе функционира беспрекорно. Затоа денес ќе ви откриеме неколку совети за тоа како можете да го оптимизирате вашиот пат кон сонцето ова лето и тоа на природен начин:

Преголемото изложување на сонце предизвикува штета како резултат на слободните радикали. Слободните радикали во телото предизвикуваат оксидација (кога ќе пресечете јаболко, тоа станува кафено), кои предизвикуваат оштетување на клетките во вашето тело и доведува до побрзо стареење на кожата. Консумирањето на храна која е богата со антиоксиданси како на пример боровинки може да биде исклучително корисно особено додека траат летните месеци и изложувањето на сонце е неминовно. Немојте да заборавате да внесувате во вашиот организам и храна и пијалаци кои се богати со витамините Ц и Е бидејќи и тие имаат корисна улога во заштитата на кожата.

Следно нешто што треба да го преземете од листата мерки за заштита е да си изградите база. Тоа значи дека не треба да посетувате солариуми, туку да се изложувате на сонце секој ден по половина час. Така ќе се сончате, нема да горите и нема да има опасност за посериозни последици.

Наредниот чекор е заштитата особено кога одиме на плажа. Многумина на плажа носат капа и чадор и мислат дека така ќе се заштитат од сончевото зрачење. Експертите велат дека не мора цел ден да криете по чадор и да носите шапки. Направете си пауза, влезете во вода, пливајте постојте на сонце исушете се па седнете под чадор, после некое време пак исто. Нормално користете и крем фактор за заштита. Се што е умерено е убаво и успешно.

Медицинските лица, препорачуваат но истовремено и не препорачуваат креми со заштитни фактори на плажа. Експертите сметаа дека густите креми ги затвораат порите и го блокираат производството на витаминот Д во организмот кој ни е потребен за правилен баланс. Наместо тоа тие советуваат да користите лосиони кои се во вид на спреј и имаат задача да ја разладат и омекнат кожата но нема да ги затворат порите.

Сепак природниот начин на сончање е многу побезболен, посигурен и не чини многу. Бидете си сами господар на вашето тело и следете ги советите на медицинските експерти кои сигурно ќе ви донесат одлични резултати. Во меѓувреме без грижа уживајте под сонцето!

 

 

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Убавина