Како да го решите проблемот со „мустаќите“ од сонце?

16 јули 2020

Многу жени се соочуваат со проблем наречен „мустаќи од сонце“ после сончањето. Всушност, се работи за темни дамки над усните, кои ги предизвикува изложувањето на сонце.

Дерматолозите велат дека тоа е вид хиперпигментација која се појавува на лицето, а најчесто на образите, носот, челото и горната усна.

Може да биде предизвиката од повеќе фактори - генетска предиспозиција, хормони и изложување на сонце. Прекумерниот естроген може да предизвика вашето тело да предизвика повеќе меланоцити кои тогаш излегуваат на површина и го таложат пигментот.

Што можете сами да направите ако се соочите со овој проблем?

-Редовно користете креми за сончање, па дури и на над усната, дел што можеби често се заборава. Важно е кремата да содржи витамин Б5 и хијалуронска киселина. При користењето на кремата, треба да се води сметка да се нанесува неколку пати дневно,

Нежен пилинг

Освен заштитната крема, би било убаво да се прави пилинг, со што ќе се исчисти нечистотијата од кожата, но ќе се исфрлат и пигментираните станици од површина на кожата. Се препорачуваат нежни препарати за пилинг.

Витамин Ц

Витаминот Ц е најдобар антиоксиданс со кој може да се осветли кожата. Тој ги неутрализира оштетувањата предизвикани од слободни радикали. За потешките случаи, можат да се користат часерски третмани или препарати кои ќе ви ги препише доктор. Уште една солуција е користење производи со хидрокинон, кој помага при избелување на темни дамки. Секако, резултатите не доаѓаат преку ноќ, но со секојдневна употреба на хидрокинон, подобрувањата можат да се очекуваат после 2-3 месеци. Сепак, за сето ова, консултирајте се со лекар.

Сè е индивидуално

Секое искуство е приказна за себе, затоа не потпирајте се премногу на туѓи искуства. Кај некои луѓе ваквата пигментација над усните исчезнува брзо, а некои се борат подолго време. Ако спаѓате во втората група, тогаш обврзна е посетата на дерматолог, да се испита причината, која може да биде предизвикана и од хормонален дисбаланс. Затоа, пред да излезете да се сончате задолжително ставете заштитен фактор и шешир, а за сите необични појави консултирајте стручно лице.

 

Објавено:
16 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
806 пати