„Шеќерните“ бои за коса се летен хит
•
22 мај 2017
Пастелните нијанси оваа сезона се сеприсутни. Актуелни се во модната индустрија, исто колку што се атрактивни во ентериерното уредување. Сосема очекувано, исто толку популарни се и во фризерските и козметичките салони.
Нијансите за коса во пастелни бои се летен хит, особено помеѓу тинејџерите, што не значи дека возраста е некаков ограничувачки фактор доколку сакате да ја смените бојата на косата.
Овие „шеќерни" бои поради тоа што за релативно кратко време избледуваат, се одлична солуција доколку имате желба за привремена, нова летна нијанса на косата или доколку сакате да експериментирате.
Нежно розова, светло сина, портокалова или зелена, неколку инспиративни идеи ви посочуваме во продолжение.