Што да направите да не ви се стопи шминката на летните горештини

5 август 2013

Неколку совети од шминкерот Брет Фридман како да го избегнете растопувањето на пудрата, сенките за очи и карминот во лето. Првиот совет? Во деновите со висока температура можеби е подобро да изберете водоотпорна шминка.

 

 

Не користете сапун

Употребувајте средство за чистење кое не ја суши кожата. Изберете козмеички  производ кој ја чисти кожата, ама не ја суши.

 

Збогатете го својот крем

Капнете малку гел од алое вера во својата шминка и така збогатете го вашиот тониран хидрантен крем. Мешавината што сте ја направиле има поретка текстура и поради тонираната компонента ќе додаде малку боја што е доволни за да се покријат на несовршеностите на лицето. Крем што нуди хидрантност и покривност е идеален производ за лето.

 

 

Дајте му одмор на карминот

Кармините многу лесно се растопуваат и размачкуваат на топло време. Полесно ќе се справите со вашиот омилен сјај за усни, но имајте предвид дека и тој е подложен на размачкување.

 

Шминкајте се со мокри четки  

Нанесете ја омилената сенка со влажна четка или апликатор. Со ова сенката ќе стане кремаста и ќе има поголема долготрајност.

 

Отстранете го вишокот маснотија со хартиено шамивче  

Во летниот период кожата повеќе се масти, па повремено натапкајте го лицето со хартиено шамивче за ја отстраните маснотијата . Не ја бришете потта, тоа само ќе ја влоши состојбата и со тоа ќе ја размачкате шминката, туку со лесно тапкање на марамчето врз кожата отстранете го само површинскиот масен слој.

 

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Убавина