Што е тоа што мажите не сакаат да го видат на жените?

2 декември 2013

Жените најчесто трошат многу пари само за да изгледаат убаво пред се за себе, а потоа да им се допаднат на посилниот пол. Меѓутоа, во тоа најчесто се прават многу грешки, зашто некои работи на жените, мажите воопшто не сакаат да ги видат. Според едно истражување во Англија, била спроведена анкета, преку која на мажите им било поставувено прашањето: Што најмногу им пречи кај жените, што го користат за разубавување и привлекување внимание? Еве ја листата, што најмногу не им се допаѓа на посилниот пол, а вие баш сте се потрудиле околу тоа и сте потрошиле цело богатство.

Премногу пудра на лицето

На прво место според анкетата она што најмногу ги нервира, се трагите од пудра оставени на нивните палта и кошули. При блискиот контакт, на нивната облека остануваат траги од пудра, а тоа страшно многу ги иритира. Затоа, внимавајте или не нанесувајте премногу корективна козметика, тие забележуваат  се, иако можеби не изгледа така.

Екстензии

Сите славни дами користат екстензии, а речиси сите жени посакуваат да имаат долга коса, па ги користат ваквите додатоци. Меѓутоа, сигурно не сакате да ги види момчето што ви се допаѓа. Мажите повеќе сакаат природна коса, а не изненадувања кога ќе ја допрат.

Вештачки трепки

Вештачките трепки ги прават визуелно очите покрупни, но на вашиот најдраг тие нема да му се допаднат. Ако наутро се пробудите покрај него со половина одлепена трепавица, тоа сигурно нема да му изгледа убаво.

Црвен кармин

Можеби мислевте дека со црвениот кармин им изгледате сензуални и привлечни, се лажете. Тие сакаат се што е во граници на нормала и природно. Така што и да размислуваат да ве бакнат, ќе отстапат од таа идеја, се само и тие да не се измачкаат.

Неуредни нокти

Испуканиот лак на ноктите знае да изгледа многу лошо. Ако немате време за лакирање, подобро оставете ги нелакирани. Рацете и ноктите се огледало за вашата личност, затоа немојте да дозволите ваков пропуст.

Објавено:
2 декември 2013
Категорија: 
Убавина