Што се крие зад успешната приказна на dm?

26 март 2015

dmlogo_4c

Едни од најуспешните, а воедно и најголемите синџири на дрогерии во Европа се оние на dm drogerie markt. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија. После три години е отворена првата dm продавница во Австрија. Во Македонија се појавува во 2012 година, каде сè повеќе се проширува и ја надоградува својата успешна приказна.

Но, во што се состои таа успешност на dm?

Првенствено во идејата на сопственикот Гец Вернер. Кога ја основа компанијата, Вернер сосема го менува системот на продажба на козметичките и хемиски производи, „претворајќи“ ги дрогериите во мали самопослуги, каде цените се значително пониски, а квалитетот голем.

Тоа се покажа како одличен деловен чекор, бидејќи денес, dm е репрезентативен синџир на дрогерии со преку 3.000 продавници во 12 држави ширум Европа. Во целата dm групација во моментов има околу 50.000 вработени, на кои dm им дава креативно и сигурно работно место.

dm_portret-data

Но, оваа компанија го носи и епитетот необична, кој доаѓа од приказната која веројатно многумина од вас ја паметат. Пред пет години, Вернер го шокираше светот со одлуката дека се откажува од богатството и севкупниот удел во сопствеништвото го подари на една хуманитарна фондација.

Со тоа основачот на dm потврди дека се придржува до американската изрека дека „не е срамно да станеш богат, срамно е да умреш богат“. Така, ниту едно од седумте деца нема да биде наследник на имотот вреден преку милијарда евра. Но, на децата им овозможи квалитетно образование и со тоа темел самите да станат богати.

-Децата имаат право на добар старт во животот, но не и на тоа дека родителите треба да им обезбедат доживотна благосостојба – изјави тогаш Вернер.

Гев Вернер Гев Вернер

Но, токму тоа негово почитување на трудот се рефлектира и врз вработените. Во работната 2013/2014 година во целата групација остварен е завиден промет од 8.3 милјарди евра и и при тоа е остварен раст од 5, 6  % во однос на претходната работна година и додатно покажа усмереност и задоволување на сите потреби на купувачите. Со тоа dm е една од ретките компании што во период на рецесија остварува одлични резултати.

. Со тоа dm е една од ретките компании што во период на рецесија остварува одлични резултати.

Вработените во филијалите имаат право, ако сакаат, самите да го одредат асортиманот, а наместо за „персонални трошоци“, во компанијата се зборува за „креативни трошоци“. Во голем број филијали на dm низ Европа се присутни и ученици кои го изучуваат занаетот, а потоа од dm ги праќаат на работилници за да го поттикнат развојот на личноста.

11086720_952491884783535_1681251067_o

Вернер, кој е професор по претприемништво на Институтот за технологија во Карлсруе, е коавтор на книгата „1.000 евра за секого“. Во делото, тој се залага за тоа секој граѓанин да добива основен приход од 1.000 евра, затоа што тоа придонесува за ослободување на човекот. Сопственикот на dm drogerie markt верува дека неговите идеи еден ден ќе бидат исто така успешни како и неговата компанија.

-Ништо не е моќно како идејата за која е дојден вистинскиот момент – вели тој.

А според резултатите, што освен во бројки се мерат во задоволните клиенти,  Вернер одлично знаел да го препознае вистинскиот момент за dm.

10336679_299489553549369_4646588929756358586_n

Во dm дрогериите можете да најдете топ актуелни производи од разновидни асортимани. Првичниот фокус е асортиманот од областа на убавината и здравата храна, потоа бебиња и домаќинство, фото опрема и услуга, како и храната за домашни миленичиња, сезонски и текстилни производи... Компанијата има и сопствено произодство, а најголем процент од козметичките производите се природни.

Големиот асортиман на производи, квалитетот и услужливоста на тимот што работи ги прават dm дрогериите избор број еден кај купувачите. Со тоа dm drogerie markt го оправдаа нивниот слоган: „тука сум човек, тука купувам“.

Објавено:
26 март 2015
Категорија: 
Убавина