Што знаете за косата?

9 јануари 2014

kosa-f

  • И покрај врежаното мислење, шишањето на косата не го забрзува нејзиното растење, ниту може да се смени тексурата на влакното. За ова и уште многу интересни факти за косата, прочитајте во продолжение:
  • После коскената срж, косата е таа што најбргу расте. Студиите покажале дека мажите се во предност, односно дека нивната коса побрзо расте.
  • Просечниот животен век на влакното на главата е пет и пол години.
  • Косата, односно цела плетенка е силна како алуминиум.
  • Врз основа на само едно влакно, научниците можат многу да откријат за нас. На пример, што сме јаделе во изминатиот месец, или на кој крај од светот сме живееле. Влакното може да се користи и за форезничко тестирање на дрога и така обезбедува клучни информации во текот на истрагата.

kosa1

  • Косата белците во просек почнува да белее после 34-тата, додека кај Африканците и Азијатите после 47-та. Статистиката покажува дека Азијатите се помалку подложни на опаѓање на коса и ќелавост за разлика од Африканците и белците.
  • Чешлањето е поздраво за косата од четкањето.
  • За да биде косата здрава, исхраната треба да се состои од јајца, лосос, моркови, зелен зеленчук и витамини Ц и Д.
  • Многу од шампоните против првут всушност ја оштетуваат косата.
  • Уште во антички Рим е користена верзија од витлери за коса, какви ни се познаи денес. Периките и фризурите биле знак на општествен статус.

kosa4

  • Во време на ренесенсата жените го кубеле целосно предниот дел од косата, за челото да им изгледа поголемо.
  • Пред 19. век Европјанките ја миеле косата многу поретко од денес, најмногу двапати месечно. Навечер ја пуштале и ја четкале за да ги отстранат старите наслаги на масло.
  • Само четири проценти од светското население има црвена коса. Најголемиот процент на природно црвенокоси луѓе се наоѓаат во Шкотска (13%) и Ирска (10%). Во средниот век оваа боја на коса се сметала за вештерска, па поради тоа околу 45.000 жени се мачени и спалени или удавени во вода. 
Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Убавина