Splashlight – нов тренд за коса

16 јуни 2014

До пред извесен период нијансирањето на косата во омбре стил или само на долниот дел од врвовите во нијанса која е спротивна од вашата боја на коса беа мошне популарни техники на кои дури и холивудските диви не можеа да останат рамнодушни.

Со диктирањето на новите трендови и пишувањето на нови модни поглавја за актуелната жешка сезона во однос на облеката стилистите решија да промовираат и нова тенденција на бојадисување на косата која сигурно ќе ви се допадне.

90c198eddc1200cfbee6c3df81c6ad4

Станува збор за нова техника наречена Splashlight или нијансирање на средниот дел од вашата коса во боја која е силна и жива. Дали сте доволно храбри да носите розови тонови доколку сте русокоса или русокоси тонови доколку сте бринета?

Сонцето дополнително ќе го нагласи нијансираниот дел, а вие ќе привлекувате внимание и ќе собирате воздишки каде и да се појавите. Холивуд во моментов е опседнат со новата техника за нијансирање на косата, а и светските тредсетерки изгледа дека го обожаваат новиот тренд. Попи Делевињ и Џесика Бил беа едни од првите кои решија да направат ваква стилска промена со нивната фризура. А вие што мислите?

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Убавина