Летото навистина делува инспиративно, а сончевите зраци знаат како да ја разбудат фантазијата и нашиот креативен дух. Сигурно многумина од вас сакаат да прават експерименти со својот изглед и коса особено кога е лето, бидејќи се е толку шарено, весело, насмеано. Правењето разнобојни прамени во косата е еден од трендовите кој стана заштитен знак оваа сезона. Можевме да го видиме и на познатиот фестивал Coachella.
Не дека порано не се носеле вакви прамени, но можеби биле „заборавени“ па претстојниов период повторно оживеаја. Бојадисувањето коса со бои за коса, го уништува здравото влакно, а и косата го губи сјајот. Затоа ви предлагаме еден нов интересен и мошне иновативен начин како да ги имате прамените, а истовремено да ја заштитите косата.
Првиот чекор е да ја измиете косата, потребно е таа да биде чиста и свежа. Пото земате памучно крпче и со прскалка прснете малку вода колку да го навлажните. Земете два прамена од косата и поделете ги на два дела. Поминете неколку пати со навлажнетото крпче, а потоа по избор земете јаки бои на сенки и нанесете директно на оној дел кои ви е веќе намокрен.
Со сенката поминете неколку пати за да бојата може да навлезе во влакното. Потоа одберете уште една сенка за боја и нанесете ја под првата, но и малку врз неа за да се види нијансирањето. Потоа земете лак за коса и испрскајте го делот на кој нанесовте сенки, и оставете го да се исуши. Можете да продолжите со други прамени, и да користите други тонови. Направете си онолку колку што мислите дека е доволно.
Прамените одлично стојат и на русокоси и на бринети, ама најубаво стои кога косата е пуштена, малку разбушавена без некој строга форма. Разбудете ја дивата во вас.