Спречете ги алергиите кај децата на природен начин!

8 мај 2018

Речиси секогаш, алергиите започнуваат со најобично кивање. Но, кога тоа кивање ќе стане многу често и ќе почне да ви пречи, знаете дека најверојатно станува збор за алергија.

Алергиите се реакција на организмот на некоја иритирачка супстанца која ја вдишуваме, најчесто паразити во прашината наоколу, полен, домашни миленици и слично.

Најчестите симптоми на алергиите се кивањето, течење и запушување на носот, чешање, дијареа, главоболка, отежнато дишење... Откако ќе се откријат симптомите и ќе се одреди дијагноза по направените испитувања, ќе се обидете да избегнувате блиски средби со она што ве иритира, а најверојатно ќе морате да земате и лекови кои ќе ја ублажат и подобрат состојбата.

Особено тешко е доколку алергиите се јават кај мали дечиња кај кои мора многу внимателно да се дозираат лекарствата.

Како и секогаш, постојат природни начини со кои може да се спречат или барем малку да се ублажат симптомите на пролетните алергии кои се дефинитивно состојба во која не сака да се најде никој.

Дознајте за истите во продолжение и задолжително применете некој од нив уште денес.

-Постелнината е омиленото место во кое паразитите сакаат да се вгнездат, па така често менувајте ја, особено на креветчињата на вашите дечиња. Набавете памучни или постелнини и перници од полиестер за да можете и често да ги перете, односно на секои две недели најдоцна.

-Задолжително на две недели, перете ги и ќебињата и останатите прекривки во жешка вода за да го уништите сè она што се насобрало.

-Извадете го килимот од собата на вашето дете и наместо него ставете памучни подни прекривки кои можете да ги перете барем еднаш месечно.

-За уништување на паразитите во килимите од останатиот дел од куќата, користете антиалергиски производи.

-За чистење на подовите користете влажна, а не сува крпа.

-Заменете ги драперите со завеси кои почесто можете да ги перете или едноставно, оставете ги прозорците само со ролетни.

-Редовно перете ги плишаните играчки на вашето дете, тие се оаза за паразитите.

-Плакарите чистете ги со правосмукалка, а алиштата изнесувајте ги на воздух барем еднаш во месецот.

-Ако чувате домашно милениче, потрудете се да ги бањате почесто од вообичаено ако се во затворен простор со дечиња.

-Дозволете му на вашето дете да си игра надвор околу пладне и во приквечерието, бидејќи наутро во воздухот има огромни количини полен.

-Се чини дека витаминот Ц и Бета каротенот превентивно влијаат против појавата на алергии и астма. Консултирајте се со доктор за нивната употреба.

-Чајот од мајчина душичка помага кај запушениот нос. Давајте му ја на детето препорачаната доза за негова возраст подолг период.

Сите овие природни начини да ја превенирате појавата на алергии се само мала можност да ја поминете оваа состојва без конкретни лекови. Ако се посомневате дека вие или вашето дете може да страдате од некаква алергија, задолжително обратете се на лекар кој според симптомите ќе одреди дијагноза и лекување за да не дојде со посериозни последици како отежнато дишење и слично. 

Извор: Dijetaplus.com

Објавено:
8 мај 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.404 пати