Топ 5 најскапи парфеми во светот

26 август 2013

Египјаните ги користеле во своите религиозни церемонии,  старите Грци сметале дека тие потекнуваат од нивните митолошки богови, а денес не постои девојка која не користи парфем. Иако модните брендови постојано лансираат нови линии парфеми, сепак во светот постојат мириси кои се наменети само за оние кои имаат подлабок џеб.

Во продолжение прочијате кои се петте најскапи парфеми во светот.

Clive Christian – 435, 000 долари

Парфемот „Imperial majesty“ е верзија на парфемот No. 1 кој се произведува во 10 копии годишно. Овој мирис се произведува од многу ретки состојки, а Кристијан откри само две и тоа: индијската сандаловина (која е под заштита на индиската влада) и посебна врста на ванила од Тахити. Божицата е изработена од пет каратен бел дијамант и е поставена на основа од 18 каратно злато. Се смета дека е еден од највпечатливите парфеми во светот. Доколку имате доволно сретства да си го дозволите ова задоволство, ќе бидете дел од ретките кои го поседуваат овој парфем, како што се Елтон Џон и Кејти Холмс.

1 Milion 18 Carats Lukse, Paco Rabanne - 57,000 долари

Парфем за мажи со амбалажа дизајнирана од Ное Лоренс. Мирисот е спакуван во луксузна кожна кутија украсена со 18 каратно злато, а парфемот може да се дополни по желба. Самото шише е изработено од злато и дијаманти, а мирисот е мешавина од портокал, роза, цимет, бело дрво и килибар. Шишенцето е од 100 мл и изнесува 57, 000 долари.

Idylle Guerlain – 45, 000 долари

Ова е еден од најомилените и најбарани парфеми во светот, а е направен според искуството на Тери Васер. Неговите ноти се мешавина од лилјани, божур и рози.во 18 каратно златно шише. Кутијата е кристална и спакувана во кутија од лаковано дрво.

Les Larmes Sacrées de Thèbes, Baccarat – 6, 800 долари

Неверојатниот мирис датира од 1998 година. Шишенцето е од кристал во едноставен облик, а мирисот е префинет и со истакната женствена нота.

Notorious,  Ralph Lauren – 3, 540 долари

Парфемот е креиран од Оливер Гилотини и е зачинет со мешавина од црна рибизла, розов бибер, италијански бергамот, арома од цветот Chocolate Cosmos, заледен бел божур, каранфил, мошус и ванила. Американскиот дизајнер го лансираше парфемот во амбалажа од сјајно шише со златен затворач.

Како за крај само да напоменеме дека овие парфеми не можат да се најдат по парфимериите бидејќи нивните цени се наменети за посебни потрошувачи.

Објавено:
26 август 2013
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
мирис парфеми