Тенката коса знае да биде проблем кога сакаме да ја направиме посакуваната фризура. За овој тип на коса секое влакно треба да биде на свое место, особено ако истата не е густа.
Целта на дамите со ваква коса е да постигнат екстра волумен и текстура за да изгледа што побујно.
Токму затоа во продолжение предложуваме три фризури со коишто ќе го решите проблемот со тенката коса.
Пикси фризура
Една од фризурите што најдобро прилегаат на тенка коса е пикси стилот. Самите прамени во различна должина ќе помогнат косата да добие волумен. Може да ја носите на неколку начини – со патец на страна, со рамни шишки, замазнета...
View this post on Instagram
Невидливи слоеви
Таканаречените скриени слоеви можат исто така да помогнат за бујноста на тенката коса. Станува збор за слоеви коишто се околу лицето и кои придонесуваат за дополнителна димензија и густина. Обратно од верувањето дека слоевитата фризура не одговара на тенка коса - доколку се изведе умешно може да направи чуда.
View this post on Instagram
Класичен боб
Класичниот рамен боб може да се прилагоди на речиси секоја жена. Должината на ваквиот тип на фризура се менува во зависност од обликот на лицето. Боб-от е можеби и најсовршениот стил за ваквиот тип на коса - дава облик без дополнително да создава тежина. Со неа исто може да одберете како ќе го носите патецот, а може да додадете и шишки.
View this post on Instagram
Фото: Instagram