Ultherapy е најновата иновација за затегнување и подмладување на кожата

21 ноември 2013

Секоја жена сака да има цврста, затегната кожа на своето лице, со што е можно помалку брчки и црни дамки околу очите, кои се предвесници на нејзино стареење и опуштање. Голем број од жените користат најразновидни терапии и козметички препарати со цел да ја задржат свежината и еластичноста на кожата што е можно подолго. Дел од нив дури и се решаваат на хирушки зафати и ботокс терапии кои се болни, а закрепнувањето е долг и макотрпен процес.

Затоа експертите, воведоа нова иновација во поглед на затегнување на кожата, одржување на нејзината свежина и еластичност, а тоа е Ultherapy.

Овој „чудотворец“, како што го нарекуваат е најновиот изум во САД и Велика Британија и дава одлични резултати, а наменет е за областите околу вратот и лицето, кај жени кои се во поодмината возраст.

Ultherapy, ја користи моќта на ултра звукот за да за да ја затегне опуштената кожа и да ја врати во првобитната состојба. Исто така помага во отстранување на темни дамки и кругови кои со тек на време се појавуваат кај жените. Резултатот е прекрасна, мазна и чиста кожа.

На пример, кај повозрасните жени делот околу очите, поточно околу веѓите со тек на време кожата попушта и паѓа, се спушта надолу. Благодарение на овој третман кожата ќе се врати како што била порано и ќе ги подигне вашите веѓи, а вие ќе изгледате помладо.

 

Еве како Ultherapy функционира:

Ultherapy ја користи моќта на ултра звукот за да ги стимулира длабоките слоеви на кожата кои водат до фибромускулатниот слој кој е главниот сегмент до кого треба да стигнат ултра звучните бранови, да го стимулираат за да почне кожата да се затегнува. Предноста на оваа терапија е што не постојат ножеви и сечива, кожата благодарение на стимулот се крева, а истовремено се мазни и чисти од дамки. Се работи за првиот и единствен ултра звук кој е одобрен од американската лекарска асоцијација за употреба за фацијален естетски третман што ваквата терапија ја карактеризира како единствена козметичка процедура од ваков тип. Всушност предноста на овој третман е тоа што е директно насочен кон слоевите на кожното ткиво и ги обработува само оние делови каде кожата е опуштена или оштетена, затоа и крајните резултати се толку продуктивни и прецизни.

ultratherapy

Друга предност од користењето на овој третман е што помага во природното стимулирање за производство на колаген во самата кожа, па поради тоа ефектот трае подолго време.

Во зависност колкава површина третирате, третманот трае од 30 до 60 минути.

Добар дел од пациентите бараат само еден третман, бидејќи резултатите се видливи веднаш. Сигурно се прашувате колку ќе ве чини едно вакво подмладување. Убавината доаѓа со цена, која варира во зависност колкава површина сакате да истретирате. За целото лице и вратот чини 4000 фунти, а доколку сакате да ги дотерате само долниот дел од лицето и вратот тогаш ќе морате да одвоите 3000 фунти.

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Убавина