Вистините за маслиновото и кантарионово масло

8 август 2013

krema

Голем број од луѓето наместо крема, на плажа носат некаков домашен препарат од масла со етерични додатоци, а се со цел да поцрнат побрзо. Стручњаците пак, предупредуваат на бројни опасности што ги кријат токму тие препарати.

Маслиновото масло на пример, има одлично дејство врз кожата бидејќи ја влажни и ја прави еластична. Но, не ја штити од ултравиолетовите зраци.

Дерматолозите апелираат на тоа дека користиме различни етерични уља, а во лето е речиси забрането да се користат. Важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смееме никогаш да го ставаме пред да излеземе на сонце. Ако го намачкаме, мора да поминат барем 24 часа за да смееме да се изложиме на УВ зрачењето, со сигурност дека нема да ги добиеме нуспојавите.

Речиси истото важи и за масловновото масло. Тоа честопати може да предизвика изгореници, кои со често повторување можат да предизвикаат и трајни оштетувања на кожата, како хипер пигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

Токму затоа на телото треба да му се даде адекватна заштитна крема со соодветен заштитен фактор.

Се смета дека кремата со заштитен фактор 50 ефикасно филтрира и штити од 98 проценти од УВ зрачењето кои доаѓаат до нашата кожа, што е максимален заштитен фактор.

Објавено:
8 август 2013
Категорија: 
Убавина