Вплетете ја пролетта во вашата коса

28 февруари 2014

Ова е само уште еден доказ дека големите модни куќи знаат да наметнат трендови за претстојните сезони, а овој пат акцентот се става на аксесоарите за коса. Цветниот принт, дезен како и флоралните детали не се новост на модната сцена, но ниту една пролетна сезона не поминува без нив. Овој пат тие се наменети за сите оние дами кои сакаат да ја истакнат женственоста со круни и додатоци за коса со цветни детали.

Примерот на Долче и Габана го следеа Хонор и Зак Посен, па инспирирајте се и вие и создадете изглед на бохемиска сензуалност, со ултра впечатлива фризура во преден план.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Убавина