„Златното“ млеко е новиот тренд кај здравата исхрана

4 јули 2016

Веројатно се прашувате за каков здрав напиток станува збор овој пат, но кога подобро ќе прочитате, ќе сфатите дека истиот е неверојатно едноставен, а во суштина многу здрав.

Главната состојка на овој напиток е куркумата за која веќе многупати зборувавме и веќе знаеме колку е таа здрава.

Овој здрав напиток потекнува од Азија каде се нарекува haldi doodh и првенствено се користи како домашен лек против кашлица, настинка и проблеми со кожата.

Светската популарност ја доби од неодамна и за многу кратко стана познато како „златно млеко“ кое може да се нарача во бројни кафулиња, ресторани и да се купи во големи супермаркети.

Куркумата е инаку позната по своите антибактериски состојки, а истата го намалува крвниот притисок, го регулира метаболизмот, а покрај како додаток во јадењата, може да се користи и како додаток во вакви пијалаци.

Ако сѐ уште не сте ја пробале, сега е вистинското време за тоа, а веруваме дека во оваа варијанта, особено ќе ви се допадне.

Многумина овој напиток сакаат да го подготват со бадемово или кокосово млеко бидејќи дополнително го зголемуваат нејзиниот вкус.

За подготовка на златното млеко, потребни ви се следните состојки:

-Една шолја кокосово или бадемово млеко

-Едно стапче цимет

-Едно парче куркума или ½ лажица куркума во прав

-Едно тенко парче ѓумбир

-Една лажица мед

-Една лажица кокосово масло

-¼ црн пипер

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во една голема шолја и потоа ставете ги во тенџере и мешајте на тивок оган околу 10 минути. Добро процедете ја целата смеса и ставете малку цимет во прав одозгора.

Уживајте! 

Објавено:
4 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.365 пати