Идеални за после празници: Три вкусни детокс пијалаци

10 јануари 2022

Празниците се создадени за уживање и хедонизам, но и тоа уживање си има свои последици. За малку да го окрепите организмот и да си олесните, во наредниот период е добро да внесувате што повеќе течности, а ние имаме три супер здрави и вкусни предлози:

Портокалов „пунч“

Полн со витамини и минерали, идеален за утринските часови. Можете да го чувате и во ладилник, така е уште повкусен и посвеж.

Состојки: 2 домата, 2 моркова, 2 цвекла, 1 краставица, 100 гр зелка, 1 лажица сок од лимон, 4 коцки мраз, сол и бибер по вкус

Подготовка: Зеленчукот добро измијте го, а потоа исечкајте на ситни парчиња. Ставете го во блендер, заедно со коцките мраз. Добиениот сок процедете го, па додајте лимон, сол и бибер.

 

Моќно зелено смуди

Совршено за забрзување на метаболизмот. Слободно можете еден оброк да го замените со ова смуди.

Состојки: 1 ¼ шолја спанаќ, 1 ¼ шолја манго (ако немате ставете ананас), 2 стапчиња целер, 1 шолја сок од портокал, ¼ шолја магдонос, ¼ шолја ливчиња од нане, малку сол

Подготовка: Сите состојки измијте ги убаво и исчкајте. Ставете ги во блендер и матете заедно со цедениот сок од портокал. Ставете во чаша, а потоа малку посолете.

 

Лековит ѓумбир

Ова не е класично смуди, повеќе е чај, па најдобро е да го пиете навечер, пред спиење. Помага во намалување на килограмите.

Потребно: 1 шолја вода, 1 лажичка нарендан ѓумбир, ½ лимон, ¼ лажичка цимет во прав, ¼ лажичка куркума во прав, 1 лажичка мед  

Подготовка: Водата нека зоврие, додајте го ѓумбирот, исцедената половина лимон, потоа циметот и куркумата. Промешајте убаво, додадете  мед и пијте додека е топло. 

 

Објавено:
10 јануари 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
2.306 пати