Знаете ли се за дезодорансите?

26 октомври 2013

Нашиот организам се поти поради одредени причини и тоа е здраво, но сепак годишно трошиме голема сума на пари обидувајќи се да го спречиме или делумно да го ублажиме ефектот на потење. Но, постојат неколку работи кои повеќето луѓе не ги знае за овие производи.

 

 

Борбата со телесните мириси не е модерен феномен

Според информациите кои ги пласираше Њујорк Тајмс, уште во минатото Старите Египјани користеле миризлива течност за да го ублажат мирисот на пот под пазувите. Првиот дезодоранс официјално е пуштен во продажба во далечната 1888 година и бил насловен „Mam“ , а 15 години подоцна се појавил и првиот антиперспирант под името „Everyday“.

 

 

Дезодорансот ги убива бактериите

Лошиот мирис не е наследен материјал, бидејќи оваа течност начелно е безбојна без никаков мирис. Непријатниот мирис е последица на бактериите кои ги напаѓаат потните жлезди, а дезодорансите имаат антибактериски пудер кој е во улога на уништувач на бактериите. Дезодорансите се користат и како „насипи“, т.е. спречувачи на создавање бактерии, пред да почне непријатниот мирис да се шири, додека пак антиперспирантите се борат со потта која ја создаваат потните жлезди.

 

 

Антиперспирантите всушност не го стопираат процесот на потење

Честитките со алуминиум кои се користат во составот на антиперспирантите, можат на некое време да го спречат работењето на потните жлезди. Сепак за да може еден антиперспирант да се рекламира како производ кој овозможува целодневна нега и заштита, доволно е да се смали влажноста за околу 30%.

 

 

Телото може да стане имуно на антиперспирантите

После извесен период на употреба на одреден тип на антиперспирант телото почнува да се прилагодува на самото дејство на антиперспирантот, односно го поништува неговото дејство и на тој начин потта ги пробива бариерите кој ги создал антиперспирантот и почнува да ја стимулира работата на потните жлезди произведувајќи повеќе пот од вообичаено.

 

 

Не е важно дали сте маж или жена

Интересен е фактот дека иако жените имаат поголем број на потни жлезди, а мажите помалку сепак машките потни жлезди произведуваат поголемо количество пот. Дезодорансите за мажи и за жени се разликуваат само по мирисните ноти, а имаат исти активни состојки и тоа во прилично слична количина.

 

 

Дали имате потреба од дезодоранс можете да одредите по количината на восок во вашите уши

Компаниите кои произведуваат дезодоранси не убедуваат дека потта ни мириса ужасно и дека без нивните производи не можеме да си го замислиме нашето секојдневие. Едно истражување покажало дека голем дел од луѓето всушност немаат толку непријатен мирис колку што си замислуваат, а кај мал процент од луѓето потта воопшто не им мириса, што е супер. Знак дека треба да се ослободите од дезодорансите е појавата на бел восок на ушите кој почнува да се лупи доколку се зачешате.

 

 

Дури ни производителите не знаат што е главната причина за појавата на жолти траги на облеката

Доминантна теорија е дека составите на база на алуминиум се главните виновници за појавата на жолти под пазувите на облеката која ја носиме. Меѓутоа никој со сигурност не може тоа да го потврди. Единствениот сигурен начин за да го избегнете создавањето на жолти флеки под пазувите н вашата облека е да не купувате производи против потење кои содржат алуминиум во својот состав.

 

 

Можете да направите домашен дезодоранс

Голем дел од билните масла и екстракти содржат антибактериски состојки, па теоретски многу лесно можете сами да направите средство кое ќе ви го отстрани непријатниот мирис,а ќе го намали и потењето. Пробајте!

Објавено:
26 октомври 2013
Категорија: 
Убавина