Аријана Гранде пее совршено во новото Carpool Karaoke

Последното Carpool Karaoke во кое имавме можност да уживаме беше она со музичката икона Пол Мекартни пред речиси еден месец, а денеска популарниот комичар Џејмс Корден нè почести со уште едно одлично видео.

Во истото, како главна ѕвезда се појавува миленичката на новата генерација, Аријана Гранде која уште еднаш докажа зошто е една од најуспешните пејачки на денешницата.

Аријана и Џејмс пеат некои од најголемите хитови на музичката ѕвезда, а како и секогаш, водителот и поставува интересни прашања по кои е познат.

Во еден момент, тие застануваат во Старбакс за да земат грицки и пијалок, а водителот ја носи пејачката на грб, посочувајќи на моментите кога многупати можевме да ја видиме како ја носат нејзините телохранители или момчиња.

Додека се во продавницата, таа на шега им вели на присутните дека всушност е голема дива и дека секогаш сака да ја носат на грб.

Настрана, она што оваа девојка уште еднаш го докажа е дека има неверојатен глас и дека токму тој е причината за нејзиниот успех.  

Објавено:
16 август 2018
Прегледно:
150 пати