Бен Афлек во нова и возбудлива криминалистичка драма
Ворнер брадерс имаат убава вест. Имено, претставен е новиот трејлер за криминалистичката драма „Сметководител“ и веќе се зборува дека се работи за нешто многу добро.
Дејствието на филмот се занимава со ликот на математичар - книговодител по име Кристијан кој го игра Бен Афлек, лик кој подобро се справува со бројки отколку со луѓе. Иако има свое сопствено книговодствено биро, во слободно време работи и за најопасните криминалистички организации.
Целата приказна го добива својот драматичен заплет кога ќе се вмеша и Министерството за финансии, но и уште неколку паралелно важни ликови. Покрај Афлек, во филмот играат и Ана Кендрик, Џефри Тамбор, Џон Литгоу, а режијата е на Гејвин О Конор.
Премиерата е закажана за ноември оваа година. Дотогаш, погледнете го трејлерот.