„Body paint“ доби своја емисија

Сите оние што ги интересира сликање на тело, отсега можат да се информираат за ваков тип на уметност во емисијата „Body paint“, која ќе се емитува на интернет телевизијата „Модел ТВ“.

Ова ќе биде целосен проект на младиот талентиран сликар Бојан Ковски, кој и неодамна одржа промоција, во свој стил, а која се одржа во автентичниот амбиент на сликарското студио на уметницата Гордана Виниќ.

Целиот настан беше интересен спој на ликови од уметничката, модната и забавната фела. Присутните имаа можност да бидат сведоци на перформанс на уметникот, кој на модел наслика дел од неговата работа.

Во видеото погоре имате можност да погледнете како помина промоцијата.

Инаку, вторник е денот резервиран за оваа емисија и уметноста на тело. Првата епизода веќе се емитуваше, а во продолжение ви го презентираме и едиторијалот направен за неа.

Модел - Ана Ежова

Фризура - Ѓорѓи Тренов

Боди паинт, фотограф и шминка - Бојан Ковски

Објавено:
30 јуни 2016
Прегледно:
470 пати