Божиќната магија почнува со рекламата на „Маркс и Спенсер“

Едно од нештата поради кои ја сакаме празничната сезона се и топлите и емотивни реклами.

Иако можеби рано, „Маркс и Спенсер“ одлучија да ја „отворат“сезоната пласирајќи ја неодамна нивната празнична реклама, во која главната улога ја има мечето Падингтон.

Нема да ви откриеме каква е приказната, но ќе признаеме дека нè натера да се радуваме на претстојниот период.

Со нетрпение се очекуваат и оние на „Барбери“, „Хародс“ и други, што ќе придонесат за уште поубаво расположение и ќе нè потсетат на вистинските вредности.

Кој ли ќе ја има најдобрата празнична реклама за годинава?

 

Објавено:
9 ноември 2017
Прегледно:
1.948 пати