Џејмс Корден ја натпеа Бритни Спирс во Carpool Karaoke

Во последното издание на Carpool Karaoke на Џејмс Корден, гостуваше поп иконата од 90 – тите Бритни Спирс која иако не испеа речиси ниту еден стих, сепак не ги разочара обожавателите.

Како и секогаш, водителот беше ултра забавен и неверојатно среќен што на гости има уште една музичка икона, а дека Бритни е една од неговите омилени можеше да се види и додека ги пееше сите песни на глас подобро и од неа.

Сосема во нејзин стил, Бритни говореше за нејзините две деца, за тоа дека би сакала да има уште неколку, но сето тоа кога ќе го најде вистинскиот маж за неа.

На прашањето дали нејзините деца го гледале шоуто на кое настапува во Лас Вегас каде ги изведува најголемите хитови облечена во секси костими, таа ќе каже дека не ѝ пречи што децата ја гледале бидејќи тие знаат дека тоа е всушност работата на нивната мајка.

Во еден момент ќе ги видите Бритни и Џејмс облечени во комбинации слични на оние што таа ги носеше во нејзиниот прв видео спот „Baby One More Time“.

Во дел од разговорот таа раскажува и за смешните имиња под кои се регистрира во хотелите каде престојува, но и за многу други интересни работи кои можеби не сте ги знаеле.

Одличен начин да го почнете денот доколку Бритни е една од вашите омилени музички ѕвезди!

Објавено:
26 август 2016
Прегледно:
793 пати