Џејсон Ву го сними видеото за колекцијата на Хуго Бос
Станува збор за филм кој ќе претставува своевиден преглед на новата визија на Хуго Бос, раскажана од страна на новиот креативен директор Џејсон Ву. Главната хероина Еди Кембел, наместо обувки со потпетици, вози ролери.
Видеото е снимано во декември минатата година со многу вештачки снег, а модната визија на моделот Еди Кембел со црна кошула и панталони одлично се вклопува со визуелните ефекти на преклопување фотографии една во друга, како и нијансирањето на бои и тонови кои се прелеваат и на видеото му даваат еден нов модерен и уметнички призвук. Фотографскиот момент им е доверен на Инес ван Ламсверд и Винод Матадин, кој работеше со Ву на снимањето на последните три негови кампањи.
Филмот насловен „This Is Boss“ ќе биде промовиран на 7 февруари непосредно пред почетокот на модната недела во Њујорк, која започнува на 12 февруари, а ќе се презентираат колекциите за есен-зима 2014/15.