Емилија и Ивана од Тетово ќе ве расположат со адаптирана верзија на „Ама ако“ од „Пеперминт“

Добрата и позитивна енергија, особено во актулената ситуација, секому му е добредојдена.

Во неколку наврати досега објавивме различни варијанти на музички обработки и преработки од изолација, што се покажа како одлична формула за убаво расположение, а ја потврдува и обединувачката моќ на музиката.

Уште едно позитивно и ентузијастички реализирано видео, деновиве ни пристигна од еден дом во Тетово – домот на сестрите Емилија и Ивана Ѓорѓевски кои направија супер преработка на познатиот хит „Ама ако" на „Пеперминт,“ со адаптирана верзија на текстот на актуелната ситуација.

Со ова видео, сестрите до нашата публика испраќаат оптимистички поздрав и порачуваат #седидома.
Уживајте!

Објавено:
15 април 2020
Прегледно:
511 пати