Филмски викенд: Ова се 10-те легендарни модни моменти во кинематографијата

Од црниот фустан што Одри Хепберн го носеше во култниот „Појадок кај Тифани“, па сѐ до андрогениот стил што го лансираше Дајан Китон во филмот на Вуди Ален „Ени Хол“... ова се култните модни моменти/сцени од светската кинематографија.

Веруваме дека доколку сте го гледале „Однесено од виорот“, ја паметите сцената кога Скарлет О’Хара не може да купи нов фустан со кој ќе го импресионира Рет, па со помош на дадилката креира фустан од зелена, кадифена завеса со многу златни украси.

Легендарниот филм со Одри Хепберн, или ако сакате повеќе со Холи Голајтли, не би бил „омилен меѓу омилените“, доколку во него ги немаше беспрекорните култни фустани со потпис на модната куќа Живанши.

Последното издание на „Големиот Гетсби“ не успеа да го потисне фактот што Миа Фароу во првото издание ги носеше некои од, и денеска, најубавите костими во кинематографијата било кога прикажани.

Сакајќи да ви понудиме возбудлив моден викенд, во продолжение погледнете кус преглед на некои од најубавите модни сцени што било кога се случиле во светската модна кинематографија и изберете си филм за вечер!

Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“

Било која сцена и да ја изберете од култниот „Појадок кај Тифани“, ќе сфатите дека има нешто модно во неа. Одри во магичниот и најкопираниот фустан од Живанши на сите времиња изгледа како најубавата жена на светот!

Мерлин Монро во „The seven years Itch“

Сцената кога белиот фустан на легендарната Мерлин „лебди“ нагоре додека таа стои над вентилацискиот отвор се смета за најпознатата филмска сцена во историјата.

Дајан Китон во „Ени Хол“

Екцентричниот стил што Дајан Китон го имаше во класиката од 1977 година беше неверојатен вовед за андрогениот стил што денеска го практикуваат многу девојки. Кошули, вратоврски, елечиња...тотално шик!

Алиша Силверстоун во „Clueless“

Па кој може да ја заборави тотално модерната облека што Алиша Силверстон ни ја презентираше во „Clueless“ по која сите полудевме? Таа претстави супер шик изглед на богата девојка од 90 – тите со нејзините женски костими со куси здолништа, каро дезенот, но и кусите фустани со потпис на Азедин Алаја.

Миа Фароу во „Големиот Гетсби“

Совршената гардероба на прекрасната Миа во „Големиот Гетсби“ автентично ја отслика џез ерата од 20 – тиот век. Филмот како и последното издание, доби Оскар за најдобри костими.

Кира Најтли во Atonement

Магичниот, свилен фустан во смарагдна боја со потпис на Жаклин Дуран, што шармантната Кира го носеше во филмот Atonement, е прогласен за еден од најдобрите филмски костими на сите времиња. Материјалот на фустанот е прекрасен, истиот има совршен крој и сцената во библиотеката… сосема доволно за успех!

Џулија Робертс во „Pretty Woman“

Гардеробата на Џулија Робертс во култниот „Pretty Woman“ е едноставно незаборавна! Сцената кога нејзиниот лик купува во продавниците на Родео Драјв булеварот... Безвременска!

Оливија Њутон Џон во „Grace“

Трансформацијата на Оливија од фина девојка во „лошата“ Сенди со црни тесни хеланки, црвен кармин, куса кожена јакна и потпетици е вистински „моден“ момент.

Урсула Андрес во „Др.Но“

Сцената кога Урсула излегува од морето во бел костим за капење не е само една од најпознатите модни, туку и филмски сцени воопшто.

Џенифер Билс во „Флешденс“

Спортска облека – хеланки, грејачи за нозе и волуменозни маички и џемпери. Лежерната облека никогаш не изгледала толку секси како на Џенифер.

Објавено:
15 март 2014