Хари Стајлс „растури“ во новото Carpool Karaoke

Доколку сте обожаватели на ова момче, а веруваме дека сте, тогаш знаете дека Хари Стајлс во моментов е зафатен со промоција на неговиот нов албум едноставно насловен како „Хари Стајлс“.

Долги години тој беше дел од планетарно популарната машка група One Direction, а од неодамна започна соло кариера која се чини се движи во добар правец.

Дел од промоцијата на неговиот нов албум беше и гостувањето во шоуто на Џејмс Корден и неговото познато Carpool Karaoke каде тој уште еднаш покажа дека сака да стане кул рок ѕвезда.

Како и секогаш, имавме можност да видиме едно навистина забавно возење со домаќинот и неговиот гостин кој докажа дека навистина е еден од најдобрите млади пејачи на денешницата.

Сосема нормално, Корден не заборави да го праша и за неговите смели модни избори по кои е познат, а дури и променија неколку комбинации, а вие сами проценете кому подобро му стојат.

Покрај песните од неговиот нов албум, тие се потсетија и на некои хит песни од Outkast и Lionel Richie, а имаа време и за некоја сцена од нивните омилени филмови.

Погледнете го новото, одлично издание на омиленото Carpool Karaoke.

Објавено:
19 мај 2017
Прегледно:
168 пати