Хелен Мирен порачува: Годините се само бројки!

Заштитното лице  на Лореал, 69-годишната актерка Хелен Мирен во новата рекламна кампања за линијата „Age Perfect“ порачува: Годините се само бројки!

Концептот на рекламата е реализиран во хумуристичен фазон кој треба да ги охрабри жените во зрелата доба од својот живот, да не се ограничуваат во однос на новите предизвици и авантури, зашто едноставно нивните години се само бројки.

Мирен во видеото прави тотално драстична трансформација, па од сосема обична 69-годишна жена откако на себе ќе го стави црвениот кармин и ќе ја облече кожената „рокерка“ го пушта својот слободен и млад дух да ја води низ секојдневието.

Инаку, шармантната Мирен им се придружи на нејзините колешки Џејн Фонда (76) и Даен Китон (68), во семејството постари актерки – совршени претставнички на филозофијата на брендот.

Објавено:
11 февруари 2015