Како до полни усни во 7 чекора

За да ги истакнете усните и да ги направите што повеќе волуменозни, веќе не ви се потребни хирушки зафати или разни супстанци, сега можете да се послужите со неколку трикови и тоа со молив за усни.

Хрватската шминкерка Ксенија Јуравиќ октива како во неколку едноставни чекори и со помош на сенчење на усните можете да го постигнете саканиот ефект.

На самиот старт направете пилинг со мед и шеќер или со стара четкичка за заби, потоа нанесете балзам, па во седум чекори исцртајте ги усните. Внимавајте на пропорционалноста, па доколку горната усна ви е потесна од долната, зголемете ја, а долната намалете ја и обратно.

Потоа со помош на моливи во неколку нијанси направете го сенчењето, а потоа на крајот ставете кармин и по желба сјај. Во продолжение погледнете го туторијалот и дознајте ги деталите.

Објавено:
22 март 2014