Како Џиџи научи да оди на писта...

Моделот Џиџи Хадид за релативно кус период стана еден од најплатените и бараните модели во модната индустрија. За магазинот „Love“ таа откри дека Наоми Кембел многу ѝ помогнала да ги совлада техниките на чекорење по писта.

Наоми забележала дека Џиџи оди малку поразлично од другите модели, но ја охрабрила.

-Не се грижи, во почетокот и за мене велеа дека чудно одам. А види ме сега - ѝ кажала Кембел.

На оваа тема разговараа и Џиџи и тимот на W-magazine, а видеото за тоа како изгледа вежбањето за писта, погледнете го погоре.

Објавено:
12 февруари 2016
Прегледно:
1.550 пати