Како изгледа кога децата одговараат на прашања пред камера?

Како изгледа кога најмалите ќе застанат пред рефлекторските светла и објективот на камерата најдобро може да се види од новото видео за детската колекција за есенско – зимската сезона за 2014 година на модната дизајнерка Стела Мекартни.

Во ексклузивното видео дечињата одговараат на прашања како на пример кои им се најомилени места, најдраги игри или пак што би сакале да бидат кога ќе пораснат. Преслатка кампања која нема да ве остави рамнодушни.

Објавено:
14 август 2014