Кендал Џенер во новото видео на Есте Лаудер

Естетика на футуризмот – тоа е носечката тема во новото видео на козметичкиот бренд Есте Лаудер во кое Кендал Џенер носи колоритна облека на француската модна куќа Courreges.

Колекцијата на Есте Лаудер вклучува сребрен туш, сенки за очи во пудрести тонови и друга декоративна козметика.

Видеото е снимено во еден минималистички амбиент што во приоритетен план ги истакнува јаките бои кои на себе ги носи Кендал, а истовремено потсетува на футуристичката естетика која е карактеристична за дизајнот на Courreges.

Објавено:
24 март 2015