Лејди Гага во најдоброто Carpool Karaoke досега!

Со познатата песна „Move bi***, Get out of the way“ на раперот Ludacris, ултра талентираната Лејди Гага го започна возењето во новото издание на Carpool Karaoke со Џејмс Корден.

Како што самиот водител најави, ова дефинитивно беше едно од најинтересните изданија на неговата емисија, особено поради огромните хитови кои тој ги пееше во еден глас со пејачката.

Покрај нејзините познати песни, таа испеа и дел од песните од новиот албум, меѓу кои и веќе популарната „Perfect Illusion“ и емотивната балада „Million Reasons“ за која многумина ќе кажат дека е најдобрата од албумот.

Покрај совршеното пеење, таа покажа и дека е многу духовита, а успеа и да седне зад воланот за да му покаже на Џејмс дека навистина знае да вози, иако возачката ја добила пред само неколку месеци.

Задолжително погледнете го видеото од кое ќе се уверите дека Лејди Гага е сосема обична девојка со фантастичен глас!

Објавено:
26 октомври 2016
Прегледно:
827 пати