„Москино“ го има најкреативното модно шоу годинава

Во ова време на пандемија, голем број од дизајнерите ги откажаа своите шоу-а или пак ги презентираа своите најнови колекции дигитално, преку кратки презентации.

Уживавме во уметничката приказна на „Диор“, емотивната на Ели Сааб посветена на Бејрут, класичната на „Армани“ итн... Но, кога би требало да ја одбереме најкреативната и највпечатливата, победата би ја однел Џереми Скот, односно „Москино“Тој одлучи колекцијата за пролет 2021 „No strings attached“ да ја презентира токму преку марионети. И овој контрастен начин (ако се земе предвид насловот), наиде на фантастичен одзив кај публиката.

Скот направи мини верзии на неговите креации, кои совршено изгледаат на марионетите, а се тоа на писта, а сето тоа следено од окото на модните инсајдери од првиот ред, меѓу кои и Ана Винтур, Едвард Енинфул, секако сите претставени како марионети, но на мошне автентичен начин. Како изјави за странските медиуми, дизајнерот одлучил да им ги подари марионетите.

Шоуто можеше да се проследи онлајн преку јутјуб каланлот на „Москино“, а вие што го пропуштивте или пак, сметавте дека ова ќе биде уште една „откачена“ колекција на Џереми Скот, одвојте осум минути и забавувајте се.

Не само со презентацијата, Џереми изненади и со посведениот моден израз и естетика, што е само причина повеќе да го проследите.

Објавено:
28 септември 2020
Прегледно:
189 пати