Научете италијански со неодоливите машки модели на Долче и Габана!

Веќе знаеме дека италијанскиот јазик е најмилозвучниот на светот, но кога истиот е презентиран од најсекси моделите на Долче и Габана, знаеме дека мора да станува збор за перфекција!

Во ова интересно видео тие не учат што всушност значат гестикулациите што Италијанците ги употребуваат толку често.

Буквално сите модели во видеото, од кои многумина Италијанци, изгледаат навистина неодоливо и уште еднаш го оправдуваат фактот што тие се омилени на Долче и Габана.

Неодоливите Едвард Вилдинг, Мариано Онтанон, Евандро Солдати, Оливер Чешире, Тони Вард, Ноа Милс и Диего Фрагосо се моделите со кои сакаме да ви посакаме навистина пријатен и секси ден!

Уживајте девојки!

Објавено:
22 јануари 2014