Небо полно балони

Во 1986 година во Охајо беа пуштени 1, 5 милиони хелиумски балони да лебдат низ небото. Целта е поставување рекорд и собирање средства за добротворни цели.

И покрај тоа што на ова деноноќно работеле илјадници волонтери, кои требале да ги „надуваат“ биолошки разложливите балони и да ги постават еден до друг во близина на централниот плоштад, а потоа да ги пуштат, оваа хумана акција имала и лоша страна.

Овој гест предизвикал повеќе проблеми. Балоните на небото се нашле во сред невреме, па се вратиле на земја, зодавајќи т.н. ефект на астероид, а исто така, поради нив привремено бил затворен и локалниот аеродром.

Како и да е, за оваа глетка, која многумина ги воодушевува, се зборува и денес.

Објавено:
17 декември 2015
Прегледно:
1.534 пати
Тагови: 
балони Небо Охајо