Ново видео на Каролина Гочева за „Свет без граници“

Вчера беше објавен видео записот за песната „Свет без граници" на нашата поп пејачка Каролина Гочева, за која повторно соработуваше со талентираниот Дуке Бојаџиев.

Тој се потпишува зад музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на песната, додека на кларинет свири Исмаил Лумановски.

„Откако пред неколку месеци имавте можност да чуете мал дел од нашиот „Свет без граници", со Дуке Бојаџиев решивме да ви ја подариме и целата песна, притоа направивме и едно симпатично lyric видео за кое ни помогнаа цртежите на првачињата од ОУ „Љубен Лапе" од Скопје и рачето на нашата Дариа Милошеска", вели Каролина за концептот на видеото.

Објавено:
13 јуни 2017
Прегледно:
602 пати