Новото видео на H&M за кое сите зборуваат

Популарниот уличен бренд H&M има ново рекламно видео за есенската колекција, со кое успеаја да кренат голема медиумска прашина.

Една од причините поради таквиот ефект е појавувањето на Наоми Кембел во него. Имено, моделот во почетокот на 90-тите соработуваше со H&M за бројни кампањи, а и после 20 години овој тандем се покажува како и повеќе од успешен.

Видеото е снимено во Токио, а Кембел ја гледаме како шетајќи по улиците на оваа метропола истовремено одлично се снаоѓа во караоке верзија на хит од групата „Wham!“, што го прави овој видео-материјал интересен и динамичен.

Инаку, пораката што H&M сака да ја прати за есен 2017 е дека тоа е сезоната во која мажественоста и женственоста се спојуваат.

Погледнете го видеото и кажете ни дали ви се допаѓа оваа нова реклама на H&M.

Објавено:
16 септември 2017
Прегледно:
278 пати