„Облечи се нормално“ е новиот слоган во четирите мини филмови на Gap
Модниот бренд Gap во соработка со режисерот Дејвид Финчер подготви вистинско модно задоволство за своите обожаватели. Имено, Финчер по повод рекламната кампања за претстојната зимска сезона создаде четири кратки мини филмови. Секое видео трае по половина минута, а главната порака во секое од нив е претставена на вешт уметнички начин и е упатена до младите и амбициозни луѓе низ целиот свет: Да престанат слепо да следат трендови, да и робуваат на модата и конечно да почнат да живеат.
„Малите задоволства се тие кои го прават животот поубав, посреќен и поисполнет, а облеката е само пропратен сегмент кој на сликата и дава шармантност“ изјави одговорните од маркетинг секторот на компанијата.
Дејвид Финчер важи за мошне незгоден човек кој има ригорозни и понекогаш налудничави идеи во поглед на снимање филмови. Сепак, за ова снимање режисерот изјави дека немало никакви проблеми и дека снимањето на сцените се одвивало природно, едноставно и во најдобар можен ред. Сите видеа ја го промовираат слоганот „Облечи нормално“.