Од плакарот на Крис Џенер ќе ви се заврти во глава!

Крис Џенер ги отвори вратите од својот плакар, за својата блиска пријателска, Ди Хилфигер, која е креативен директор на „Judith Leiber Couture“, и сопруга на американскиот дизајнер Томи Хилфигер.

Секако дека се работи за голем простор, но она што оваа 62-годишна бизнисменка го поседува е нависитна импозантно.

„Овде се случува речиси сè. Снимаме речиси секој ден, па мораме да имаме голем избор“, така 62-годишната Џенер ја објаснува огромната колекција на облека и модни додатоци.

Во плакарот има посебен дел резервиран само за црните блејзери. Има повеќе од 20 во ред. 

„Тоа е нешто што јас го носам секој ден. Ова е првото место каде што застанувам. Во овие парчиња се чувствувам најудобно“, вели Крис, која потенцира дека ова што го гледаме сите е нешто што го градела цели 62 години.

Таа додава дека сите парчиња што ги поседува имаат посебно место во нејзиното срце. Некои ги поседува со години, а посебно е горда на колекцијата чанти. Знае точно која кога ја добила, а секоја од нив ја врзува за посебен момент од животот на кој со задоволство се сеќава.

„Првата „Judith Leiber“ чанта ја добив од мојот сопруг Роберт Кардашијан. Ми ја подари за Божиќ во 1980. Нели е прекрасна? Се плашам да ја носам сега, не ја користам веќе“, вели Џенер.

А што друго вели и како изгледа нејзиниот плакар, погледнете во видеото погоре.

 

фото извор: people.com;

Објавено:
31 август 2018
Прегледно:
477 пати