Ова се трите најсреќни невести во светот!

Во продолжение ќе ги видите трите најсреќни невести на светот! Имено, за да го прослави лансирањето на новата колекција чевли, актерката Сара Џесика Паркер изненади три невести во бутикот за венчаници Kleinfeld. Таа влезе во соблекувалната за време на пробата, откако претходно ја најавија како специјалистот за чевли на продавницата. На девојките им беше кажано дека се снима дел од емисијата Say Yes to the Dress, но кога ја видоа актерката на вратата, нивното изненадување беше и повеќе од очекувано. Таа им помогна при изборот на нивниот фустан за најубавиот ден, но сосема на крајот, ги изненади и со по еден чифт чевли од нејзината нова колекција кои тие сами си ги одбраа.

Погледнете го прекрасното видео!

 

Објавено:
15 јуни 2016
Прегледно:
2.088 пати