Погледнете како Џенифер Лопез се подготвува за роденденската турнеја

Во февруари оваа година музичката дива Џенифер Лопез ја најави првата турнеја по шест години насловена како „It’s my party“ по повод нејзиниот јубилеен 50 – ти роденден на 24 – ти јули.

Турнејата започнува на седми јуни и ќе трае сè до 25 – ти јули, а во истата ќе бидат опфатени 25 градови во САД почнувајќи од Лос Анџелес.

Деновиве таа објави и неколку видеа од подготовките за претстојната турнеја за која ќе каже дека ќе биде неверојатно искуство за сите присутни.

Она што е интересно е тоа што дел од нејзината турнеја ќе бидат и финалистите од нејзиното шоу World of dance како што таа претходно вети.

Како и секогаш, во видеото и сите фотографии од пробите што ги објавува на Инстаграм изгледа одлично и во супер форма за претстојната двомесечната турнеја.

Додава и дека иако се само 25 концерти, сепак мора да се совршено подготвени, а за тоа говори и фактот што вежбаат по цели денови и целата екипа е полна неверојатни професионалци на чело со поп дивата.

Во видеото, погледнете како 49 – годишната Џенифер Лопез се подготвува за нејзината „It’s my party“ турнеја.

Објавено:
28 мај 2019
Прегледно:
215 пати