Серена Вилијамс е ултра секси во новиот спот на Бијонсе

Во новиот црно – бел видео спот за песната од последниот албум „Lemonade“, Бијонсе ја покани тенисерката Серена Вилијамс да биде главна актерка. Малку откако приказните за албумот и песните на него стивнаа, Бијонсе ги израдува обожавателите со видео за песната „Sorry“. Ова е втората песна од шестиот албум на музичката дива, во кој речиси сите песни се за некој „замислен“ маж кој ја изневерува, а за кој таа тврди дека не е нејзиниот сопруг Џеј Зи. Со оглед на тоа што таа постојано сака да ја истакне моќта на жените, воопшто не беше изненадувачки изборот на успешната Серена која можеме да ја видиме во супер секси издание, како ги покажува облините и игра околу пејачката во речиси целиот спот. Спотот го режираше Калил Џозеф. 

Објавено:
23 јуни 2016
Прегледно:
943 пати