Што кријат поштенските сандачиња на Ботега Венета?

Во фокусот на познатите модни брендови изминатиов период се божиќните видео кампањи за претстојните празници. И дизајнерската компанија Ботега Венета не заостанува по тоа прашање и ги откри најновите модни адути за новогодишниот период кој следи. Одговорниот тим реши своите клиенти и потрошувачи да ги изненади со специјална кампања која ги претставува сите модни додатоци и парфеми од најновата Bottega Veneta Holiday колекција.

Божиќната видео приказна на брендот започнува со шармантна рапсодија на музички ноти, во комбинација со снегулки кои магично се разлеваат низ неколкуте поштенски сандачиња во чија внатрешност се кријат луксузните модни изненадувања со потписот на ова реномирана куќа.

Нахранете го вашето љубопитство и ослободете се од искушението, погледнете што се крие во поштенските сандачиња на Ботега Венета и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
22 ноември 2014