Симпатии на денот: DUPER – Не сум твој тип

Во време кога летото не се однесува како лето, ни треба нешто за фантазирање да ги издржиме сите дождови.

На македонската музичка сцена „огреа“ нов бенд составен од Борис Какуринов (гитара, клавијатура), Мартина Баракоска (тапани) и Илчо Нечовски (вокал, бас гитара).

Тие ја објавија нивната нова, односно прва заедничка песна „Не сум твој тип“, која наиде на супер позитивни коментари на социјалните мрежи и за кратко време се рашири насекаде.

Музиката, текстот и аранжманот на песната се на тројцата членови, истата е снимена во студиото „Подрумот“ кај Ангел Ќосев, а по првото слушање, верувајте дека ќе ја оставите на „рипит“.

Заедно со песната оди и супер видео спот, снимен во слатко уреден стан каде членовите на бендот се забавуваат и шегуваат.

Популарноста која песната ја доживеа за кратко време уште еднаш покажува колку ни е потребна нова, кул македонска музика која секогаш ќе ја подржуваме.

Не пропуштајте ја приликата денот да си го разубавите со „Не сум твој тип“. Видеото погоре!

Објавено:
21 јуни 2018
Прегледно:
1.150 пати